Ние Растеме Заедно
Мама Круг е безбеден простор каде жените се поврзуваат, споделуваат и се поддржуваат низ сите животни фази. Ниту една жена не треба да чекори сама. Добредојде во твојот круг на поддршка.
Нашата Приказна
Веруваме дека секоја жена заслужува да биде слушната, поддржана и охрабрена.
За време на големите животни промени, ниту една жена не треба да се чувствува сама.
Заедно со експерти во психологија, едукација за родителство и претприемачкиот свет, нудиме безбедно место полнo со знаење, креативност и емотивна поддршка.
Зошто постои Мама Круг?
Поврзаност
Сигурен простор каде можеш да бидеш своја.
Знаење
Простор за учење, споделување искуства и личен развој.
Поддршка
Охрабрување да ги следиш своите соништа.
Кои сме ние?
Психолог, семеен и системски советник, практичар на child focused play therapy и организациски консултант за ментално здравје. Таа е и основачка на проектот Мој психолог, со кој обезбедува професионална поддршка и насоки за жените во различни животни фази.
Александра Гаќидев
Сертофикован едукатор за породување и подготовка на родители, сертифицирана дула за раѓање и постпартум. Таа е основачка на Мамма Пренатал – друштво за услуги, кое опфаќа онлајн платформа за едукација на родители www.mamma.mk и апликација за трудници на македонски јазик.
Данче Азманова Мирчевска
Основачка на платформата workingmom.mk и ко-основачка на бизнис иницијативата TrixieBox. Таа е искусен маркетер, организатор на настани и креативни работилници, со фокус на поддршка за претприемачки дух и развој на иновативни идеи.
,,поддршката почнува со разбирање. не си сама."
200+ мајки
15+ работилници
